Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes го освежува G AMG
29.12.2011

AMG верзиите на неприкосновениот теренец на Mercedes, класата G, G55 AMG и G65 AMG добиваат освежување за следната година во облик на нови битурбо бензинци и современ ентериер.

mercedes-g-klasa-amg-1-2011-1

Менувањето на надворешноста на класата G од секогаш се состоело од додавање на ситни детали како што се нови браници, трепкачи, ретровизори, сменета оптика на светлата и нова маска.

Ниту кај моделите за 2012, Mercedes не прави исклучок. Тоа го откриваат шпијунските фотографии. Многу поголеми новини се сокриваат во внатрешноста која сеуште се држи во тајност и секако под хаубата.

Според првичните информации послабата верзија G55 AMG под хауба го пакува новиот 5.5 литарски битурбо V8 кој испорачува 525 КС и масивен вртежен момент од 700 Nm. Многу постраотни се податоците за G65 AMG.

Моќникот под хауба пакува 6.0 литарски битурбо V12 способен да произведе 612 КС и камионски вртежен момент од мрсни 1.000 Nm. Бројки вредни за почит и кај послабата и кај помоќната верзија.

Но, што значат на пат сеуште нема податоци. Сепак, со олкава сила од „коцката” треба да се очекуват бесни перформанси и секако неприкосновеност на терен.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook