Актуелната генерација на S Класа на Mercedes на пазарот
орбитира од 2005, добар знак дека и е потребно освежување. Ова го знаат во Mercedes и затоа
наскоро планираат фејслифт.
Всушност не станува збор за класичен фејслифт кој ќе
донесе новини само во дизајнот. Mercedes S Класа треба да
застане рамо до рамо со новата Серија 7 на BMW и новиот Audi
A8 кои треба да се појават до 2010.
Ова значи дека во Mercedes треба да
побрзаат и првичната најавата дека обновената S Класа ќе се
појави дури во 2012 да ја ревидираат.
Се работи за комплетна модернизација на автомобилот, а
прототипи на наследникот веќе се забележуваат како тестираат на патиштата низ
Германија и САД, но, до сега ниту еден не е уловен, а единствената видлива промена во дизајнот може да се забележи
напред кај светлата и браникот и страничните завеси.
Секако претставениот автомобил на фотографијата, поточно
сликата бидејќи се работи за комјутерски обработен приказ, дава добра
индикација за сето она што може да се очекува од модернизираната S Класа.
Видливи се и измените на маската, поточно на решетката,
но и на новите светла за возење дење, а очигледно е дека е сменет и дизајнот на
отворите за довод на воздух.
Паралелно со модернизинирањето на S Класа ќе се смени
и верзијата AMG. Таа ќе носи уште полут преден браник, додека за
менување на моторот сеуште нема збор.
Истото важи и за обичната S Класа. Секако
подобрувања под хаубата ќе има пред се заради задоволување на новите еколошки норми најавени
од Европската комисија. Затоа во Mercedes веќе следната година
ќе ја пуштат на пазарот хибридната верзијата S400 Hybrid.
Во S400 Hybrid работи V6 бензинец со
279 коњски сили, плус електромотор од 20 коњски сили. Максималниот вртежен
момент изнесува 375 Nm. Сето ова е доволно за спринт до 100 km/h за 7,3
секунди и просечна потрошувачка од 7,9 литри.
Батериите од кои ќе се напојува електромоторот се
литиум-јонски и во Mercedes се надеваат дека ќе бидат првиот производител на
автомобили кој сериски ќе ги вградува.
|