Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes Класа А и В со стил на спортисти
15.02.2008
mercedes-klasa-b-2011-1.jpgЈасно е дека за сега BMW ги собира ловориките и купувачите околу својата Серија 1 опремена со шест цилиндричниот битурбо со 300 КС, а слично постапува и Audi со моќен V6 во А3. Но...

Mercedes го нема во оваа група бидејќи неговите Класа А и Класа В со своите четири цилиндерци се далеку од потентноста на тркачите од конкурентските куќи. Исто така ниту нивната кутиеста форма не соодејствува со слика на еден спортист.

Факт е дека пазарот на релативно достапни спортски автомобили доживува процват, а Mercedes нема со што да зграби дел од вкусниот колач, затоа наследниците на Класа А и Класа В кои треба да пристигна во 2011 ќе бидат скроени поинаку.

Сегашната т.н. сендвич конструкција на шасијата која покрај тоа штое е гломазна е и скапа ќе биде напуштена и новите модели ќе имаат класишна платформа како и останатите автомобили со погон напред. Ова значи дека автомобилите ќе бидат многу пониски од сега, а извори во Mercedes тврдат дека ќе бидат пониски дури и од Серија 1 и од А3.

Моќноста ќе варира од 122 до 230 коњски сили, а секој модел ќе го има во верзија како спортско купе и како кабриолет, плус тука се и најавените SUV верзии.

По неодамнешната најава за соработка на полето на мотори меѓу BMW и Mercedes се поставува прашањето дали машините што ќе вртат во новите Класа А и Класа В ќе бидат дело на домашните конструктори од Штудгарт, или пак, ќе бидат донесени директно од Баварија?

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook