|
18.01.2008 |
Сребрената ѕвезда се прикажува во цел свој сјај.
Непосредно по најавите за купето CLK и Класа Е, доаѓа и
прегледот за знаменосецот на Mercedes, или новата генерација на Класа S.
Фотографиите недвосмислено укажуваат на дизајн превземен
од концептот F700 кој лани беше претставен на салонот во Франкфурт.
Замката е во тоа што малкумина очекуваа дека F700 ќе се
претвори во следната генерација на Класа S која ќе се
појави во 2012.
Новата Класа S ќе ја задвижуваат
цела плејада од V6, V8 и V12 атмосферски и турбо мотори, а ќе профитира и од хибриден
погон кој премиерата ќе ја доживее во налседникот на Класа Е. Новина е еден
моќен бензински четирицилиндарец и најавениот Diesotto кој
оригинално беше претставен во F700.
Од F700 ќе биде наследена и активната суспензија PRE-SCAN кој го
чита патот со помош на пар ласери и автоматски го поддесува соодветниот сетап.
Второ наследство е SERVO-HMI, Human Machine Interface, кој нуди
виртуелен асистент во возењето со кого возачот директно комуницира.
Хибридот ќе носи нови литиум-јонски батерии претставени
исто така во Франкфурт на концептот S400 Bluetec Hybrid ,
задвижуван од четирицилиндарец врзан со хибриден погон со максимална моќност од
224 коњски сили и максимален вртежен момент од 560 Nm, со
просечна потрошувачка од 5,34 l/100 km.

|