Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mercedes подготвува нова генерација на SLK
06.05.2009
mercedes-slk-1.jpgАктуелниот родстер на Mercedes спортски, лесен и кус наскоро ќе го добие својот наследник кој наголемо се подготвува од инженерите за развој на производителот од Штудгарт.

Моделот кој во моментов вози по патиштата беше претставен уште во 2004. Иако претрпе благ фејслифт, сепак на него се забележуваат брчките што е показател дека се ближи времето кога треба да добие свој наследник.

А наследникот е тука. Покрај компјутерски генерираната фотографија преку која се наговестува можниот дизајн на новиот SLK ловците на автомобили успеале да го фатат и маскираниот прототип за време на тестирање.

Што се однесува до надворешниот дизајн извесни се новите предни светла далеку поубави од оние на поголемиот SL, но и светлечките диоди кај светлата за возење дење кои, покрај Audi, минуваат во препознатлива карактеристика на сите нови модели и кај Мercedes.

Гледано од страна може да се забележи дека новиот родстер ќе има уште подолга хауба како кај SLR и најавуваниот SLC и поназад повлечена кабина. Линијата на задниот дел од металниот склоплив кров е поблага и пофлуидно се спушта кон капакот од багажникот.

Под хаубата на новиот SLK ќе работи новата генерација на бензински и дизел мотори претставени во новата Е Класа и нејзиното купе.

Извесно е дека SLK покрај бензинците со директно вбризгување CGI под хаубата ќе го носи и 2.2 литарскиот турбо дизел од Е 250 CDI кој остварува 204 КС и максимален вртежен момент од 500 Nm.

Врвот од понудата традиционално ќе биде резервиран за верзијата AMG која најверојатно ќе се перчи со нов битурбо бензинец V6 со зафатнина од 3.5 литри кој ќе генерира преку 470 КС.

Откривањето на новиот SLK се очекува да се случи некаде 2010. До тогаш веруваме дека ќе се изнагледаме шпијунски фотографии, компјутерски генерирани слики и безброј претпоставки, но и протечени информации за карактеристиките на идниот Mercedes SLK.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook