Наследникот на легендарниот модел на Mercedes,
оригиналниот SL од педесетите наречен Gullwing или
галебово крило е се поблиску до сериско производство.
Сведок се новите фотографии направени од ловците на
автомобили кои овој пат успеале убаво дa го фатат автомобилот, до сега маскиран да
личи како Dodge Viper, со отворени врати. Пардон. Со
кренати крила.
Прототипот кој се тестира на патиштата ширум светот
повеќе од една година, полека, но сигурно, почнува да го открива својот идентитет.
Крилјата ги гледаме, масивната камуфлажа останува, но затоа пак сега симната е
маската на Dodge Viper.
Овие најнови фотографии даваат се најдобра
индикација за финалниот облик на автомобилот иако за деталите ќе чекаме уште.
Тука е долгата хауба, кабина повлечена далеку назад и
краток капак од багажникот на кого е поставено и поддесиво задно крило кое
најверојатно во серискиот автомобил нема да штрчи туку ќе биде сокриено и ќе
излегува при поголеми брзини.
Се претпоставува дека SLC е
замена за Mercedes-McLaren SLR, модел е на заоѓање,
но цената и перформансите би биле поблиску до актуелниот SL63
AMG. Што значи дека Mercedes намерно остава простор за нова ракета на четири тркала
која со перформансите треба да го засени SLR.
Последните информации велат дека SLC Gullwing ќе
стартува со некоја цена од околу 150.000 евра и дека годишното ниво на
продукција би изнесувало меѓу 3.000 и 5.000 примероци.
Очекувано за Mercedes под хаубата ќе
работи рачно изработениот 6.2 литарски V8 дело на AMG кој би
требало да го достигне максимумот поставен некаде на околу 580 коњски сили.
Моторот е поставен напред, очигледно, но сепак, е сместен
зад предната оска заради подобра распределба на тежината. Од исти причини ново
развиениот менувач со две спојки кој ќе ја испраќа снагата до задните тркала е
сместен пред задната оска, систем трансаксл.
Пресметките велат дека автомобилот кој ќе тежи околу
1.650 kg, треба да забрзува до 100 km/h за 3,8 секунди и да достигне максимални 315 km/h. Светската
премиера е закажана за салонот во Франкфурт на есен 2009, а продажбата стартува
на средина од 2010.
|