Прототипот личи на Mini Clubman
застанат на штикли. Повишената каросерија е прва воедно и најголема
индикација дека станува збор за автомобил со погон на четири тркала.
Ова е најзебележително на фотографијата направена одзади.
Тука станува јасно дека се работи за различна суспензија во однос на онаа на
обичниот Clubman и Mini.
Според зборовите на инженерите предниот мост е безмалку
ист како кај сегашните модели со погон напред, но задниот дел е коплтено
редизајниран за да обезбеди простор за сместување на диференцијал и карданско
вратило есенцијални за погонот на четири тркала.
Не очекувајте дека со него ќе возите по непристапен терен
полн кал и пресечен со вододерини. Исто како и сегашните верзии и тој е наменат
за лајфстајл делот од пазарот.
Покрај обичниот Mini, кабриолетот и Clubman, овој SUV ќе биде
четврта каросериска верзија кој дополнително ќе му создаде главоболки на BMW. Фабриката
во Оксфорд годинава ќе произведе 220.000 возила, а во следните години со
зголемениот број на модели оваа бројка ќе се растегне до 260.000.
Но, тука станува збор за досегашните модели. Со новиот
4х4 чија продажба може да порасне до 80.000 возила годишно на глобално ниво на BMW ќе му
треба партнер. Во игра како и секогаш е Magna Steyr,
новиот SUV би се произведувал на место од Х3 чие
производство годинава го превзеде BMW.
Баварците го нарекуваат новиот 4х4 SAV - Sport
Activity Vehicle, место SUV – Sport Utility Vehicle што
според нас всушност претставува неважен акроним.
Она што е важно е дека овој 4х4 ќе се појави на
пазарот во 2009 по цена од околу 30.000 евра.

|