Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mini со потполно нов модел
18.03.2009
minis-new-mini-car-1.jpgНа салонот за автомобили во Франкуфрт кој ќе се одржи на есен Mini планира да претстави потполно нов концепт од кого треба да произлезе цело семејство на мини градски модели.

Според информациите кои доаѓаат од компанијата новите мини модели ќе бидат поставени на сосема нова платформа која произлегува од соработката меѓу BMW и Fiat и за чија изградба обилно се користи алуминиум и композити.

Поточно шасијата, односно просторната рамка која ќе го сочинува патничкиот кафез и на која ќе биде поставена механиката е изработена од алуминиум, додека панелите што ја формираат каросеријата ќе бидат изработени од композитни материјали.

Интересно е што новата генерација на мини модели ќе имаат погон на задните тркала, кабината ќе има простор за превоз на четири патници и ќе има големи стаклени површини.

Под хаубата ќе работи широка лепеза на ултра економични бензински и дизел агрегати со мала зафатнина кои ќе бидат дело на генијалните конструктори на мотори на BMW.

Се очекува поголемиот дел од агрегатите да бидат опремени со турбо натполнење, а во план е изработка на верзија која место класичен агрегат ќе користи електромотори поставени во главчините на секое од четирите тркала и литиум-јонски акумулаторски батерии.

Иако се знае дека концептот ќе биде претставен во Франкфурт, прецизен датум кога новиот Mini ќе влезе во серија нема.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook