Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Mini Speedster е на пат
19.05.2009
mini-roadster-1.jpgГолемиот успех на Mini ги охрабри одговорните во BMW и тие постојано размислуваат за проширување и обнова на гамата на малиот автомобил кој полека ги преплавува градовите низ Европа.

Токму поради тоа кружи шпекулација дека на пат е нов двосед поточно Speedster кому наводно му е дадено зелено светло за старт на производство.

Автомобилот според приказот на компјутерски генерираната фотографија е исклучиво двосед без оглед што е поставен на платформата на Mini Cooper Cabrio кој нуди четири места за седење.

Со отстранување на задните седишта Mini Speedster нуди пристоен багажник во кој собира доволно за двајца да заминат на летување.

Без оглед што задниот дел е прекриен со капак со две испакнувања, како кај класичните спидстери, под кои се сокрива ролбарот, сепак ќе нуди заштита на кабината со платнен кров.

За зиме на располагање ќе биде и тврд кров изработен од композит заради подобра топлинска изолација и да се сочува платнениот кров од екстремно ниски температури и од замрзнување.

Иако е поставен на платформата на Mini Cooper Cabrio, Speedster ќе биде поширок и понизок од него и ќе има поширока трага со задржување на исто меѓуоскино растојание.

Поради ова се очекува Speedster да има значително поагресивен лик од својот отворен близнак, но и подобри возни карактеристики. Под хаубата ќе работи истиот 1.6 литарски турбо бензинец од Mini Cooper S кој остварува 173 КС, а се очекуваат и останатите мотори од гамата вклучувајќи го и турбо дизел.

Од Минхен сеуште не стигнала потврда за лансирање на Mini Speedster, но гласините велат дека тоа најверојатно ќе се случи кон средина на 2011.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook