Get Adobe Flash player
На повидок е Audi R8 Spider
02.04.2008
audi-r8-spider-1.jpgСупер спортскиот автомобил на Audi R8 кој скоро ја доби наградата автомобил со најдобри перформанси и автомобил со најдобар дизајн добива и отворена верзија и нови мотори.

Отворената верзија најверојатно ќе биде Targa за која не е потребно комплетно отстранување на В носачот поради што минимално се ослабува шасијата, а патниците сеуште можат да уживаат во возењето со ветар во коси.

Воедно изработката на механизам за склопување на палтнениот кров би била премногу сложена и скапа, а инженерите ќе мораат да најдат простор за складирање на склопениот кров што ќе биде многу течко со оглед на централно поставениот мотор. Плус тука се и дополнителните килограми што никако не одат со спортскиот дух на R8.

Сето ова ќе услови проектирање на едноставен панел кој ќе биде замена за сегашниот кров со што нема да се нарушат ниту препознатливите линии на R8. Се очекува цената на откирениот R8 да биде околу 10.000 евра повисока од онаа на затворениот.

Покрај новата каросериска варијанта Audi сака на своите идни клиенти да им понуди и нови мотори. И додека сеуште се размислува за моќниот V12 TDI од 6.0 литри чие вградување во R8 станува се понеизвесно, помалиот V8 TDI со 326 коњски сили сигурно ќе си го најде своето место во спортистот.

Сеуште се размислува и за моторот што ќе работи во R8S. Но, тука дилемите најверојатно ќе бидат разрешени многу брзо бидејќи Audi веќе располага со еден монструозен бензински агрегат, а тоа е битурбото V10 кој е земен на заем од Lamborghini Gallardo и работи во RS6.

Секако за во R8 се очекува моќноста за скокне за одреден број на коњски сили.

 

 

 

Facebook