Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
На повидок е Skoda Superb Combi
19.06.2009
skoda-superb-combi-1.jpgКомби верзијата на знаменосецот на Skoda, Superb за која до сега се слушаа само гласини и можеше да се види само понекоја фотографија напрaвена од ловците на автомобили конечно исплива.

Секако повторно станува збор за неофицијални фотографии на кои Skoda Superb Cоmbi е уловена за време на тестирање и каде јасно се гледа разликата во однос на седанот. На фотографиите е претставен и еден компјутерски генериран приказа за конечниот изглед на комбито.

Одзад јасно е дека се е сменето, но дизајнот на задникот заедно со светлата многу потсетува на помалата Octavia Combi, додека линијата на кровот е позаоблена и порано почнува да паѓа.

Интересно е што должината на автомобилот останува иста. Значи и комбито како и седанот мери 4.850 mm во должина. Затоа комбито е повисоко и нуди многу повеќе простор на задната клупа, но и во багажникот зад неа.

Skoda Superb Combi под хаубата ќе пакува шест мотори кои потекнуваат од групацијата на VW, три бензинци и три дизели. Основната верзија ќе ја задвижува познатиот 1.9 литарски TDI со 105 КС, а врвот од понудата е загарантиран за V6 бензинецот од 3.2 литри со моќност од 260 КС.

Моторите се комбинирани со мануелни менувачи со пет и шест степени на пренос, но на располагање е и менувачот со две спојки. Со претставувањето на комбито исто така постои веројатност за воведување на погон на четири тркала.

Кога Skoda Superb Combi ќе се појави на пазарот сеуште е непознаница. Претпоставка е дека сериската верзија би можела да биде претставена во Франкфурт по што би почнала и комерцијализацијата.

Се очекува цената да стартува малку под 20.000 евра.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook