|
Ловците на автомобили за првпат ја уловија новата генерација на Mercedes SL која напорно тестира на патиштата ширум светот пред официјално да биде претставена до крајот на годината.

Би рекле време да се појави наследник на SL, бидејќи актуелниот модел со кодна ознака R230 на пазарот опстојува веќе 10 години иако пролетта 2008 година претрпе значителни модификации пред потполната замена со нов модел.
Меѓутоа сето ова не треба да чуди бидејќи родстерите, посебно оние на Mercedes, имаат долг живот. Да се потсетиме дека претходникот на R230, R129 остана на пазарот цели 12 години, а тој пред него R107 се произведуваше дури 18 години.
Сеуште неможе да се заклучи како ќе личи новата генерација бидејќи уловените примероци се прекриени со масивна камуфлажа, но се чини дека муцката ќе му биде слична на првиот SL во историјата, моделот со кодна ознака W198.
Секако новата муцка си бара и нова хауба, нов браник и нови светла. Задникот пак, како да носи елементи од новиот суперспортист на Mercedes, SLS AMG Gullwing и одлично е вклопен со цврстиот склоплив кров.
Моторите и припаѓаат на новата генерација мотори на Mercedes. Имаат директно вшприцување на горивото, турбо натполначи и зафатнина од 3.5 литри кај изведбата V6 и 4.6 литри кај изведбата V8.
Конструкцијата на има многу елементи изработени од алуминиум и од крабон-фибер заради што новиот SL ќе биде значително полесен од актуелниот модел. Се очекува премиерата да биде во Франкфурт следниот месец.
|