Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Наследникот на BMW Z4 фатен на улица
12.09.2008
bmw-z4-1.jpgНовата генерација на родстерот на BMW, Z4 е забележана од ловците на автомобили за време на тестирање на еден од прототиповите во близина на централата на BMW во Минхен.

Шпијунските фотографии покажуваат дека фатениот прототип одскокнува од досегашните начела врз кои беше поставена серијата Z на BMW.

Тоа значи дека платнениот кров кај новата генерација ќе биде заменет со тврд, а фотографиите покажуваат дека е направен од два дела.

Но, кога е во прашање BMW со заклучоците не треба да се избрзува. Мора да се има на ум дека во BMW често знаат на пат да испратат неколку различни тестни мулиња од кои треба да произлезат идните модели и по опсежно тестирање да се дојде до поинаков заклучок, па во компанијата да се откажат од првичната идеја и да применат поинакво решение.

Затоа не треба да чуди доколку и следната генерација на Z4 место забележениот тврд, да носи мек кров, иако според извори внатре во BMW една ваква комбинација има многу мали шанси за да биде остварена.

Истиот извор открива дека во план е и трета комбинација, а тоа е да се разработат две варијанти со тврд и со мек кров, нешто слично направи и Мazda со актуелната генерација на MX-5.

Но, доста со претпоставки околу кровот. Да се навратиме на извесните работи кај наследникот на Z4. Родстерот ќе биде поставен на платформата на актуелната Серија 3 и според димензиите нема многу да се разликува од сегашниот модел.

И додека димензиите остануваат на исто рамниште дизајнот претрпува измени со чива помош новиот Z4 ќе има многу поагресивен лик што би требало да ја привлече помладата публика.

Исто како и платфромата и моторите комплетно доаѓаат од гамата што се нуди во Серија 3. Меѓу нив ќе се појави и најновата генерација на 3.0 литарскиот шест цилиндарец битурбо кој испорачува моќност од 326 коњски сили во лимузината 740i и 306 коњси сили во 335i.

Врвот од понудата е резервиран за моќниот V8 кој работи во М3 и има моќност од 420 коњски сили кои доаѓаат од зафатнина од 4.0 литри. Погодувате ова верзија ќе ја носи ознаката Z4 M.

Стартот на понудата пак, посебно за европските пазари, како и до сега ќе биде 2.0 литарскиот четири цилиндричен атмосферски бензинец со моќност од околу 170 коњски сили. Без оглед на моторната понуда се очекува новиот Z4 како и до сега да биде миленик на тјунерите.

Премиерата на сериската верзија на Z4 треба да се случи на салонот за автомобили во Детроит во јануари 2009, иако, постајат гласини дека Z4 во форма на некаков концепт може да се појави уште во ноември на салонот во Лос Ангелес.

Производството на Z4 повеќе нема да се одвива во погоните на BMW во САД, туку ќе биде преместено во погоните во Германија. Стартот на продажбата се очекува со стартот на пролетта 2009.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook