Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Наследникот на Enzo вози на Fiorano
29.12.2011

Упорноста на ловците на автомобили се исплатеше во ловот на наследникот на Ferrari Enzo кој е „чкрапнат” како тестира на фабричката писта Fioranо и покрај силното обезбедување на објектот.

ferrari-enzo-naslednik-1-2011-1

Според првичните информации наследникот на Enzo во облик на прототип почнува со тестирањата и затоа е прекриен со масивна камуфлажа која го сокрива безмалку целиот автомобил.

Дека станува збор за наследникот на Enzo ни открива и најавената програма на Ferrari. Во неа стои дека модели како Enzo ќе се менуваат на секои десет години.

Токму следната 2012 година знаменосецот на марката Enzo полни десет години од своето претставување кое се случи во 2002 година. Премиерата на новиот Enzo би била кон крајот на годината.

Информацијата доаѓа директно од генералниот директор на Ferrari, Амадео Фелиса. Се претпоставува дека тоа ќе биде на салонот во Париз. Кога е во прашање наследникот на Enzo едно е јасно.

Суперспортскиот автомобил централно во шасијата ќе носи V12 што се препознава со отворите за воздух од страна и на кровот, но што станува со најавата на Фелиса дека Ferrari сериозно размислува да создаде хибриден суперавтомобил.

ferrari-enzo-naslednik-2-2011-1

„Ferrari веќе работи на создавање и тестира различни прототипи на автомобили кои користат технологија на хибриден погон, но се бара вистиснката форумула,” наведува Амадео Фелиса во едно свое излагање.

Тој воедно открива дека хибридната технологија што ја развива Ferrari нема за цел само зголемување на ефикасноста, подобрување на коефициентот на полезно дејство на бензинците и намалување на потрошувачката.

Хибридната технологија на Ferrari пред се има за цел подобрување на динамиката на автомобилот за што ќе помогне и обилното користење на карбон-фибер при градбата на новиот Enzo.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook