Се појавија интересни информации кои велат дека наследникот
на актуелниот Mercedes SL всушност ќе биде моделот AMG
Gullwing и ќе биде првиот сериски автомобил со беџот на AMG.
На тој начин не само што ќе биде сочувана ексклузивноста
туку и ќе се нагласуваат високо перформансните карактеристики на автомобилот.
Истиот извор наведува дека автомобилот ќе го носи само името
Gullwing и дека претставката SLC како што беше најавувано воопшто нема да постои.
AMG Gullwing во верзија прототип,
подготвен за сериско производство, најверојатно ќе биде претставен на салонот
во Женева во март 2010, а концептот на истоимената тема ќе го видиме на
салонот во Франкфурт следната година.
Покрај купето исто како и кај оригиналниот Gullwing подоцна на
пазарот ќе се појави и родстер. Премиерата на родстерот се очекува да се случи една година по појавувањето на купето. Значи најверојатно тоа ќе биде
салонот во Женева 2011.
Најновите компјутерски генерирани фотографии го
прикажуваат можниот дизајн на AMG Gullwing кој значително се разликува од било
кој модел Mercedes од поновата историја и очигледно е дека влече корени од
оригиналот од 50. години на ХХ. век.
Предните светла имаат сосем нов дизајн каков што не сме
виделе на ниту еден Mercedes до сега, а тука се и огромните отвори за воздух кои
заедно со препознатливата сребрена ѕвезда доминираат со предниот дел на
автомобилот. Тука веќе се забележува призвукот на минатото.
Димензиите на AMG Gullwing велат дека станува
збор за голем автомобил кој во должина мери 4.650 mm, широк е
1.950 mm и висок е 1.250 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2.700 mm.
До сега AMG Gullwing неколку пати е фатен од ловците на
автомобили, но автомобилот скоро секогаш бил прекриен со масивна камуфлажа, а
во еден случај преправен дури и како американската отровница на четири тркала Dodge
Viper.
Како што информиравме до сега под долгата хауба на AMG
Gullwing ќе бревта познатиот рачно изработен 6.2 литарски V8 со
очекувана моќност од 580 коњски сили.
Моторот е поставен напред, но зад предната оска зради
подобра тежинска распределба, погонот е на задни тркала, а снагата до
таму ја пренесува нова менувачка кутија со две спојки.
AMG Gullwing не би требало да тежи повеќе од 1.650
kg. Пресметките од соодносот на тежина и коњски сили велат дека
катапултирањето до 100 km/h треба да биде за помалку до 4 секунди, а максималната
брзина би требало да ја преминува магичната граница од 320 km/h.
Цената на AMG Gullwing се очекува да
стартува од околу 150.000 евра, а заради задржување на ексклузивноста годишно
ќе се произведуваат меѓу 3.000 и 5.000 примероци.
|