Сите податоци говорат дека новиот NSX кој ќе
вози под беџот на Honda и на Acura ќе биде посебен автомобил технолошки напреден колку и Nissan
GT-R и негов лут соперник.
Покрај Nissan GT-R, новиот NSX на нишан
ќе ги држи и Ferrari F430 и Porsche 911 GT3 и ќе биде
значително помоќен од својот претходник кај кого во централниот дел на шасијата
работеше 3.0 литарски V6 бензинец кој остваруваше 280 коњски сили.
Новата генерација на Honda NSX ќе носи
атмосферски V10 бензинец со зафатнина од 5.5 литри сместен зад предната
оска заради подобар распоред на тежината предна/задна оска.
Моќните 600 коњски сили и мрсниот вртежен момент од преку
600 Nm ќе се пренесуваат до сите четири тркала преку шест степен полуавтоматски
менувач со две спојки, а степените ќе се менуваат преку палки поставени зад
воланот.
За да обезбеди извонредни возни карактеристики и одлично
држење на патот Honda во NSX ќе го употреби својот интелигентен систем споен со
погонот на четири тркала кого го нарекува Super Handling
All Wheel Drive SH-AWD.
Сето би требало да биде доволно за автомобилот да се
катапултира до 100 km/h за помалку од 4 секунди и да достигне максимална брзина
од близу 320 km/h.
За сопирање се грижат самовентилирачки жлебени дискови на
сите сите тркала кои ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти напред и исти
такви назад.
Задоволувањето на строгите норми за емисија на издувни
гасови за инженерите на Honda воопшто не претставува проблем. Моторот е опремен со
управувачка единица која деактивира 5 од десетте цилиндри кога автомобилот
крстосува со константна брзина.
NSX профитира и од одличната аеродинамика. Се зборува дека
во Honda обилно користеле знаење собрано од светот на Формула 1, поради
што, NSX генерира максимален потисок врз подлогата овозможувајќи
максимална стабилност при високи брзини.
Аероднимиката им помогнала на тест возачите на Honda уште во
првиот обид на Нибругринг со NSX да остварат време од 1 минута и 37 секунди.
Според изворот на информациите најголемата тајна на NSX се сокрива
токму под автомобилот, а експерите успеале да забележат и дека задниот дел од
автомобилот личи на едно големо крило.
Плус на сето ова се надоврзува и обилното користење на
лесни материјали при градбата на автомобилот. Имено новиот NSX би требало
да тежи едвај 1.500 kg што е за повеќе од 250 kg помалку од
спортистот на Nissan, GT-R.
Honda NSX на пазарот треба да се појави во текот на 2010 и се
претпоставува дека ќе чини околу 120.000 евра.
|