Get Adobe Flash player
Nissan подготвува наследник за Tiida
26.01.2009
nissan-tiida-2010-1.jpgМоделот на Nissan, Tiida, на накои пазари познат под името Versa, кој се нуди во две верзии како седан и како хечбек, на пазарот е од 2004 и веќе доволно е зрел за наследник.

Јапонскиот магазин за автомобили Best Car ја објави првата комјутерски генерирана фотографија, заедно со неколку детали за новата генерација на Tiida која треба да се појави на пазарот во 2010.

Доколку овој компјутерски приказ на автомобилот е близу до оригиналот, тогаш може да се заклучи дека дизајнерите не отишле предалеку со својата фантазија и дека направиле само добар фејслифт на веќе зададена тема.

Едноставно прикажаниот автомобил суштествено воопшто на се разликува од актуелниот модел.

Tiida повторно ќе се нуди во две верзии, како седан и како хечбек со пет врати, а магазинот тврди дека под хаубата ќе работи комплетно нова генерација на мотори бензински и дизели.

Новата генерација на Tiida ќе биде поставена на платформата на Renault Megane што значи дека во Tiida ќе се вградуваат турбо бензинците со ознака TCE со зафатнина од 1.4 до 2.0 литри и моќност од 130 до 180 коњски сили.

Истото важи и за турбо дизел агрегатите кои работат под хаубата на новиот Megane.

Иако е планирано Tiida да се појави на јапонскиот пазар на почетокот од следната година, Европа повторно ќе мора да чека за овој модел на Nissan.

Имено појавувањето на пазарите во Европа е планирано дури за 3 години.

 

 

 

Facebook