Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нов Accent вози под камуфлажа
06.10.2009
hyundai-accent-2011-1.jpgКонечно се потврдува дека Hyundai подготвува наследник на својот времешен Accent откако на интернет се појавија првите шпијунски фотографии од новата генерација на успешниот модел.

Без оглед што каросеријата на новата генерација на Accent е прекриена со масивна камуфлажа сокривајќи ја од непожелните погледи на може да се наѕре дека автомобилот влече линии кои се препознаваат на неодамна откриената Hyundai Sonata.

Профилот на Accent најмногу потсетува на линиите на новиот голем седан на Hyundai. Ако се спореди со актуелниот модел превземањето на дизајнот од поголемиот брат станува јасно дека во Hyundai одлучиле да го пораснат Accent и да го направат далеку посериозен и попривлечен што неможе да се заклучи и за актуелната генерација.

Се чини дека новиот Accent е поиздолжен, со пониска линија на кровот, надуени арки над тркалата и впечатливо прекршување на ламарината по целата должина на каросеријата.

Од Hyundai пристигнува неофицијална информација дека новата генерација на Accent им се враќа на корените и на пазарот покрај седна верзијата ќе бидат понудени и хечбек верзиите со три и со пет врати.

Дополнителни информации околу платформата, моторите, механиката нема. Се претпоставува дека Accent ќе биде поставен на основата на i20, но за сега ова се само шпекулации.

Сигурно се знае само дека на пазарот треба да се појави во 2011.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook