McLaren не очајува заради престанокот на соработката со Mercedes за
производство на супер спортски автомобил. Соодветен доказ за ова тврдење
приложуваат ловците на автомобили.
Тие успеале да го фатат за време на тестирање прототипот
од кого подоцна ќе произлезе McLaren P11. Секако ова е само кодна ознака на
автомобилот. Името сеуште не се знае.
Автомобилот заедно со развојните инженери во моментов се
наоѓа на северот од Шведска каде се тестира неговото однесување неговите системи при
работа во зимски услови.
Без оглед што инженерите се погрижиле да го прекријат
автомобилот со масивна камуфлажа, сепак, може да се насети конечниот облик, но
исто така да се заклучи дека прототипот е многу близу до финален производ.
Компактниот спортист кога ќе се појави на пазарот ќе го
замени заедничкиот проект на McLaren и Mercedes, SLR и ќе се впушти во пазарна битка со Ferrari
F430 и Lamborghini Gallardo.
За да истрае во беспоштедната борба за купувачи
спортистот на McLaren под хаубата ќе го носи моќниот V8 на AMG кој од
зафатнина од 6.2 литри истискува 550 коњски сили, а снагата ќе се пренесува на
задните тркала преку секвенцијален менувач со команди на волан.
Меѓутоа кога е во прашање моторот познавачите
претпоставуваат дека постои веројатност McLaren да посегне
во соседниот двор и да купи мотор од BMW.
Со еден ваков потег би се обновила соработката меѓу McLaren и BMW како во
времето на создавање на првиот супер спортист на McLaren,
легендарниот F1.
При градбата на Р11, McLaren ќе ги
искористи искуствата стекнати при производството на SLR. Ова значи
дека Р11 ќе носи шасија и каросериски панели изработени од карбон-фибер. Услов
за тежината на автомобилот да не надмине 1.250 kg.
Токму во малата тежина ќе се сокриваат извонредните
перформанси и динамички карактеристики на супер спортистот на McLaren.
Премиерата на автомобилот според најавите би требала да
се случи уште годинава кога ќе стартуваат и нарачките. Но, се очекува првите примероци да пристигнат кај своите
соственици дури во 2011.
Цената ќе се движи од 170.000 до 230.000 евра.
|