Get Adobe Flash player
Нова генерација Mini
15.05.2009
mini-nova-generacija-1.jpgНа интернет се појавија се појавија неофицијални фотографии на дизајнерска макета од која треба да произлезе новата генерација на малечкиот хечбек Mini.

Според информацијата која доаѓа заедно со фотографиите, објавената макета е најблизу до изгледот на верзијата што на крај ќе заврши во сериско производство.

Изворот надополнува дека без оглед што актуелниот модел ги следи дизајнерските смерници на еден хечбек, наследникот најверојатно ќе има поклинеста, односно, форма на купе.

Се очекува новиот Mini да има повисока линија на појасот, понакосена и покуса хауба и накосен кров. Предните светла како да добиваат мали агли и малку потсетуваат на светлата на Alfa Mi.To.

Бнатре забележлива е арматура со сосема нов дизајн, нов бројач на вртежи и брзиномер, а централната конзола во долниот дел ги обединува клима уредот и аудио системот решение слично на актуелниот Mini.

Движечката сила ја гарантираат моторите на BMW со зафатнина од 1.6 литри и системот Valvetronic познати од актуелниот модел. Наследникот на Mini се очекува да се поајви во 2011.

 

 

 

 

Facebook