BMW епитетот производител на спортски автомобили го стекна
во текот на седумдесетите од минатиот век благодарение на моделот 2002 tii кој нудеше
исклучителни перформанси на пат.
Трите буквии tii испишани наопаку на
предната маска од автомобилот со цел возачот на автомбилот на кого му се приближува
оваа ѕверка да може лесно да ги прочита во ретровизор и да не се обидува
да се впушти во Пирова борба со него.
tii беше синоним за лесно, динамично, брзо, но со текот на
годините ознаката полека падна во заборав иако BMW продолжи
да прави автомобили според веќе востановената филозофија.
После три декади во мирување одеднаш одговорните во BMW одлучија
да ја активираат ознаката tii во форма на концепт поставен на основата на Серија 1 купе
претставен минатата година на салонот во Токио.
Следејќи ги насоките зададени во минатото Серија 1 понуди
опционални додатоци кои штедат на тежина и ги подобруваат перформансите и
возните својства наведени под едно име „Перформансен пакет на BMW”.
Во BMW истакнуваат дека Серија 1 нема да биде едиснтвената која
ќе го нуди пакетот tii. Имено се планира истиот пакет да биде дел од понудата и
кај новата генерација на Серија 3 која ќе се појави во 2011.
Тоа значи дека Серија 3 подеднакво и како Серија 1 ќе
добие делови од карбон-фибер како на пример предната хауба, аеродинамичен кит
од спојлери и странични завеси, поголеми леснометални бандажи, помони сопирачки
со големи вентилирани и бушени дискови, спортски кади, волан преслечен со
превртена кожа, арматура преслечена со нерефлектирачки материјал и детали од
карбон-фибер во кабината.
Воедно новата Серија 3 ќе добие самоблокирачки
диференцијал, менувач со две спојки, помоќни мотори каде како пример се
наведува бензинскиот 3.0 литарски битурбо кој ќе остварува дури 355 коњси сили
и секако нов M3 кој е биде уште пострашен тркач.
Дефинитивно не чекаат убави новини од BMW, но за нив
ќе треба малку да се стрпиме и како што рековме да почекаме до 2011.
|