Get Adobe Flash player
Нова генерација на Chevrolet Lacetti
04.06.2007
lacetti1Камерите го фатија наследникот на Chevrolet Lacetti како трча по Нирбургринг. Инженерите очигледно го подготвуваат Lacetti, покрај останатите квалитети да понуди и задоволство при возење.

Според она што може да се види новиот модел не одскокнува многу од дизајнот што како репер го постави Pininfarina. Линијата на врвот од вратите сега е понагласена и ги истакнува рамењата на Lacetti, а маската и предните светла се сосем нови.

Гледајќи низ камуфлажата се чини дека хаубата се гордее со понагласени линии, но чудно e што сите линии како да се спојуваат во основата од А-носачот. Секако сето ова ќе добие смисол кога прекривката ќе биде отстранета, а Lacetti ќе биде згоден и иновативен.

Се претпоставува дека погодениот дизајн на Epica ќе биде репер за новиот Lacetti.

lacetti2lacetti3lacetti4

 

 

 

Facebook