|
11.03.2008 |
Новата генерација на Opel Astra доаѓа
токму на време за да ја засени конкуренцијата. Односно планот е да се појави во
2009 кога ќе биде најсвеж компакт на пазарот.
Премиерата се очекува да биде на салонот во Женева по што
ќе стартува и комерцијализацијата на автомобилот. До тогаш веќе ќе биде
претставн Golf VI кој би требало да стартува со продажба годинава на есен,
а веќе видени ќе бидат и обновениот Ford Focus и актуелниот Fiat
Bravo, но и Renault Megane чија премиера се очекува годинава на
салонот во Париз.
Новата Astra сеуште се наоѓа на зимско тестирање некаде во
Скандинавија каде е и фатена од папараците, но за жал од масивната камуфлажа
неможе скоро ништо да се наѕре, ниту да се претпостават дизајнерските смерници.
Но, ако се оди по некоја аналогија најверојатно однадвор
новата Astra ќе го следи дизајнот поставен од поголемиот брат Opel
Insignia и новата генерација на Meriva.
Палетата на каросериски верзии ќе биде задржана од
актуелниот модел, па така покрај основната верзија со пет врати, на пазарот ќе
се појави и купето GTC, караван и купе-кабриолет Twin-Top.
|