|
10.02.2009 |
Ловците на автомобили за миг успеале да ја штракнат
новата генерација на Opel Astra во верзијата со пет врати и според
нив уловениот примерок е близу до конечната верзија.
Сокриениот преден и заден дел сеуште остануваат сокриени
под велот на мистеријата, затоа профилот на Astra ни е
целосно откриен. Вдлабнувањењто во подножјето на вратите кое стрмо оди угоре
неодоливо потсетува на стилскиот детал применет и кај Insignia.
Од порано се знае дека Astra е
поставена на глобалната платформа на General Motors наречена Delta
II, врз која е поставен и Chevrolet Cruze и хибридите Chevrolet Volt и Opel
Ampera.
Според информациите од GM, новата Astra ќе биде
првиот автомобил на групацијата кој ќе го користи новиот турбо бензинец од 1.4
литри со моќност од 120 и 140 КС.
Овој агрегат треба да ги замени постоечките атмосферски
бензинци од 1.6 и 1.8 литри кои сеуште работата во актуелната генерација на Astra.
Светската премиера на новата Astra е закажана
за на есен за салонот во Франкфурт. Производството ќе стартува кон крајот од
годината, а првите примероци ќе стигнат до купувачите на стартот од 2010.
|