Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новата California има турбо
17.11.2011

Ferrari најавува дека новата генерација на California ќе се појави на пазарот следната година и открива дека новиот кабриолет со цврст кров ќе биде полесен и помоќен од актуелниот модел.

ferrari-california-nova-1-2011-1

Првичните информации се дека новата генерација на California ќе биде полесна за 16 килограми и ќе биде помоќна за 30 коњски сили, а спринтот до 100 km/h ќе биде скусен за околу 2 секунди.

Сега автомобилот е уловен во близина на седиштетот на марката во Маранело, а ловецот на автомобили кој успеал да го улови со својот објектив навeдува дека при забрзување јасно се слуша свирежот на турбините од под хауба.

Наводот на папарацото делува како изненадување и затоа се очекува излагањето на одговорните во Ferrari на салонот во Лос Анѓелес кои велат дека можеби таму ќе се појави концептот од новата California.

Ferrari GT California првпат беше претставена во 2008 година, а оттогаш претрпе неколку модификации. Моторот V8 од 4.3 литри турка 460 КС и 485 Nm преку седум степен менувач со две спојки.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook