|
09.05.2007 |
Третата генерација на Vectra што се продава од 2001 година не постигна успех против германските конкуренти во класата. Четвртата генерација најавува големи промени.
Новата Opel Vectra за прв пат ќе се појави пред јавноста на салонот на автомобили во Франкфурт, во септември, а продажбата ќе стартува на почетокот на 2008 година. Новитети ќе бидат моделите со погон на сите тркала, проширената понуда на мотори меѓу кои 2,7 Turbo со 200 КС. Новата платформа Epsilon 2 ветува повеќе простор во кабината и покомфорно возење.
|