|
15.08.2011 |
|
Новата генерација на BMW Серија 3 е уловена додека вози комплетно откриена без камуфлажа и може да се забележи дека дизајнот е повеќе еволуција на актуелниот модел отколку револуција.

Всушност набабрените крила и заоблените рабови укажуваат дека новата Серија 3 дизајнерски влече стил од поголемата Серија 5 и ги задржува традиционалните вредности на најпопуларниот модел што доаѓа од Баварија.
Идејата на BMW очигледно е рaдикално да не се менува дизајнот, туку суштината која се сокрива во новата генерација високоефикасни мотори со поголема моќност и пониска потрошувачка и емисија на издувни гасови.
Новата Серија 3 која носи кодна ознака F30 ќе биде првиот сериски модел на BMW кој ќе има емисија на СО2 пониска од 100 g/km. Toa e постигнато со помош на новата генерација на системот EfficientDynamics.

Внатре уредувањето ќе биде полуксузно и ќе носи повеќе опрема, а од фотографиите се гледа дека новата „Тројка” ќе носи head-up дисплеј кој очигледно е превземен од поголемата Серија 5.
Светската премиера е на салонот во Франкфурт, а продажбите стартуваат брзо по завршувањето на салонот.
|