Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новата Vectra ги привршува тестирањата
03.04.2007
svectra1Додека љубителите се одушевуваат од концептот GTC од Женева, Opel ги привршува тестирањата на новата Vectra. Ловците на прототипи веќе го фатија идниот Opel во објективите.

Замената на сегашната генерација na Vectra ќе се случи догодина, кога доаѓа наследникот со нов изглед, на нова платформа и со технологија досега невидена во сериски автомобил.

Со сигурност може да се очекува дека идниот модел ќе се појави со нос сличен на концептот GTC, што ќе ја направи Vеctra лесно препознатлива на улица. Покрај лимузинската верзија ќе има комбилимузина, комби и евентуално купе. Шефовите се уште расправаат околу името на следната генерација. Во моментов во игра се десет имиња, вклучувајќи го и Insignia.

Внатрешноста во основа ќе биде непроменета од онаа на GTC. Тоа значи длабоко впуштени инструменти со заднинско осветлување во црвена боја, средишна конзола во пиано-финиш и хромирани детаљи во секој агол. Квалитетот на завршната обработка ќе биде подобрен, за Opel да може да им конкурира на престижните марки во сегментот.

svectra2

svectra3

svectra4 svectra5

Новата платформа Epsilon 2 покрај другото ќе овозможи повеќе простор во кабината и во багажникот. Шасијата е подобрена во насока на комфорот при возењето и возната динамика, а моделите од врвот на понудата ќе имаат амортизери со тврдина што се менува според условите на возење.

Истите тие модели ќе имаат погон на сите тркала, како што навести концептот GTC. Како погонска единица ќе им служи 2,8-литарски мотор V6 со два турбополначи и близу 300 КС.

Новата Vectra ќе импресионира и со опремата. Тоа ќе биде првиот модел на Opel што ќе го превземе новиот систем на General Motors за асистирање во сообраќајот. Системот користи радар и видеокамера за следење на патот пред возилото и активира автоматско сопирање во случај на опасност од судир.

На салонот во Франкфурт, во септември, ќе се појави уште еден концептен автомобил. Сериската верзија се очекува да се појави на почетокот од следната година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook