Најавите се обистинуваат. Во Aston Martin забрзано се
работи на развојот на Rapide, спортската лимузина со четири врати која ќе биде
директен конкурент на Porsche Panamera.
Rapide е фатен за време на тестирањата некаде околу поларниот
круг, за да се испитаат влијанијата на зимските услови врз системите и
комплетната структура на автомобилот.
Уловен скоро комплетно без камуфлажа
протипот на Rapide всушност прикажува колку дизајнот на верзијата спремна за
производство е близу до концептот претставен уште во 2006 на салонот во
Детроит.
Дизајнерите во Aston Martin не сакале да
измислуваат топла вода. Едноставно ги зеле најдобрите елементи од купето DB9 и ги
поставиле на растегната платформа со поголемо меѓуоскино растојание и продолжена
купола на кровот. Со преработката автомобилот не изгубил ништо од својата
елеганција, напротив. Првиот впечаток е дека Rapide е многу
поубав автомобил отколку конкурентот од Porsche,
Panamera.
Покрај нискиот нос, за спортскиот лик се грижат и спојлерот
интегриран во задната врата и дифузорот кој е дел од задниот браник, плус тука
се и задолжителните отвори на предните крила кои го одведуваат жешкиот воздух
од 6.0 литарскиот V12.
Големиот мотор ветува вртоглави перформанси и се
претпоставува дека спринтот до темпо 100 не би требало да трае многу подолго од
пет секунди. Максималната брзина пак би се доближувала до бројката од 300 km/h.
Како што е редот кај лимузините во Aston
Martin работат на суспензија кој ќе пружа удобност, но во исто време ќе дава
доволно потпора за спортско минување низ свијоци. Добрите возни својства ги
ветува и лесната каросерија направена од алуминиум. Rapide би требало
да биде многу полесен отколку 2 тона тешката Panamera.
По безмалку 20 години ова е првиот Aston
Мartin со четири врати. Претходникот Lagonda која за
првпат беше претставен уште во далечната 1975 до згаснувањето на производството
во 1989 не успеа да ги привлече богатите од џетсетот пред се поради чудниот
дизајн и лошиот квалитет.
|