|
16.05.2007 |
Светската премиера на еден од најважните новитети годинава се ближи и фотографите се почесто ги ловат возилата при завршното тестирање.
Со новиот изглед, четвртата генерација на Vectra ќе му парира на кинетичкиот дизајн на новиот Ford Mondeo, кој се појави на салонот во Женева во март и со тоа борбата во средната класа ќе стане уште повозбудлива.
Премиерата на лимузината од Риселсхајм е закажана за септември, на салонот во Франкфурт, но до стартот на продажбата новата генерација ќе мор да почека до почетокот на следната година. Новитет ќе во понудата же биде можноста да се доплати за верзија со погон на сите тркала, понудата на мотори ќе биде поширока отколку досега, а со користењето на платформата Epsilon 2 ќе има повеќе простор во кабината.
Верзијата на Opel Vectra за американскиот пазар ќе се појави веднаш по премиерата на европската лимузина. Новите фотографии покажуваат дека Vectra ќе настапи се многу поспортски ориентиран дизајн и со линија на покривот слична на купе.


|