Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нови модели врз база на Класа E и Класа S
28.12.2007
mercedes-e-class-next-gen-1.jpgСо растот на економијата пред се во источните земји како Русија, Кина, Индија..., побарувачката по луксузни автомобили нагло расте поради што производителите планираат повеќе нови модели.

Токму ова е и причината зошто Mercedes веќе интензивно размислува да ја прошири гамата на луксузни автомобили кои ќе бидат поставени на платформата на сегашните Класа Е и Класа S, а ќе сочинува кабриолет, потполно нов SUV и автомобили со долго меѓуоскино растојание.

Шефот на Mercedes, Дитер Цетче објаснува дека иднината на неговата компанија не лежи во производство на SUV и разни кросовери туку само во луксузни лимузини бидејќи ново растечките пазари бараат токму тоа, а сегашното производтсво на Класа Е и Класа S ја задоволува побарувачката. Меѓутоа иднината носи нешто друго поради што ќе мораат да се направат отстапки.

Пример е Кина каде побарувачката по продолжена верзија на Klasa E и Класа S е огромна па така во Mercedes планираат во иднина да нудат само продолжени верзии.

Новата Класа Е која ќе пристигне во 2009 ќе има поголемо межуоскино растојание од сегашната за да обезбеди повеќе простор пред се на задните седишта, но паралелно со неа ќе биде претставена и верзија со 20 сантиметри поголемо растојание меѓу оските од стандардната Класа Е и оваа верзија ќе се произведува само во Кина. Воедно во автомобилот ќе го носи новиот дизел хибриден систем на Mercedes со максимални 240 коњски сили.

Додека новата Класа S се најавува да биде произведувана и во варијанта како кабриолет со четири врати и како супер развлечена лимузина кој воедно ќе биде основата за новата генерација на Mаybach.

mercedes-e-class-next-gen-2.jpgmercedes-e-class-next-gen-3.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook