|
18.06.2009 |
Последен пат новиот кросовер на BMW, моделот
X1 беше забележан како тестира кон крајот на минатата седмица. Возилото беше
прикажано буквално без камуфлажа, поради што ловот продолжи.
Сега BMW
X1 повторно е фатен за време на тестирање и повторно носи
сосема малку камуфлажа која ги сокрива само задните светла. Иако од Минхен
најавија дека Х1 ќе биде официјално претставен на салонот во Франкфурт, сепак интензитетот
на иннтересот за него не се намалува.
На фотографиите јасно се гледа обликот на предните светла,
но и на целиот автомобил фотографиран од повеќе агли. Иако Х1 сериски ќе го
носи погонот на четири тркала xDrive се очекува дека веднаш по комерцијализацијата на оваа верзија ќе се појави
и верзијата sDrive која ќе се нуди само со погон назад.
Според најавите од централата на баварскиот производител продажбата
на BMW X1 во Европа стартува во октомври по цена од 24.000 евра.
|