|
07.06.2007 |
Honda заедно со новиот Accord ќе лансира
палета ултра чисти дизели способни да минат 100 километри со 4,7
литри. И ќе бидат подеднакво чисти како и нивните бензински браќа.
Новиот чист дизел се базира на сегашниот 2.2 литарски i-CDTi. Accord наменет за
европскиот пазар и опремен со софистицирана верзија на дизелот 2.2, способен да
мине 100 km со 4,49 литри, веќе беше претставен на конвенцијата за
дизел-технологија во Калифорнија.
Новата генерација на мотори ќе и помогне на Honda
да продава дизели во САД кои неодамна воведоа нови уште построги стандарди
за емисија на издувани гасови.
Дизелот од Honda ќе користи нов
катализатор кој го намалува количеството на Азотен оксид NОx
претворајќи го во амонијак, а потоа го користи амонијакот за понатамошно
неутрализирање на NОx. Овие дизели треба да го заменат Accord V6
Hybrid наменет за американскиот пазар кој не го постигна посакуваниот успех.
Автомобилите на фотографиите се следната генерација на Accord Coupé и
седан наменети за американскиот пазар. Претставувањето е закажано за септември.
Дизјнот на купето е инспириран од концептот претставен годинава на салонот во
Детроит. Црниот седан е брат близнак на европскиот Accord.

|