Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот Audi A4 ќе вози поспортски
16.05.2007
audia4v_copyНовата генерација на A4 веќе тропа на врата. Автомобилот ќе биде официјално претставен пред публиката на франкфуртскиот салон во септември.

Популарниот седан на Audi од средната класа ќе вози со нова платформа, истата која веќе сега ја возат купеата A5 и S5, а во иднина ќе ја користи и компактниот спортски теренец Q5. Со концептот на новата плаформа носот на возилото повеќе нема да биде толку истурен нанапред како досега, туку ќе биде значително скусен, а за сметка на тоа моторот ќе се помести поназад, заедно со менувачот. Со тоа предните тркала повеќе нема да бидат толку оптоварени како досега и ќе се добие поголема управливост на возилото.

audia4hПалетата на мотори веќе ни е позната од купето А5. Стартот ќе биде 1.8 TFSI со 130 КС, а на врвот од понудата ќе стои 4,2 V8 FSI. Во новата четворка ќе се вградуваат и моторит од новата генерација TDI, со силина до 240 КС. Секако дека покрај нормалните верзии со погон напред ќе се нудат и верзии quattro (с распределба на силата 40:60 меѓу предните и задните тркала).

Продажбата на лимузината ќе почне веднаш по премиерата во Франкфурт, а комби верзијата Avant се очекува  во 2008 година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook