Get Adobe Flash player
Новиот Ford Focus шокира
07.11.2008
ford-focus-3-generacija-1.jpgКомпјутерски генерираната фотографија на која се појавува новата генерација на Ford Focus го обиколи светот шокирајќи ги љубителите на марката, но и конкурентите.

Според приказната на германскиот неделник Auto Bild смелиот дизајн на новиот Focus е направен за автомобилот да може равноправно да и конкурира на новата Astra.

Без оглед на причините автомобилот навистина има маркатна предна маска која веруваме дека ќе ги подели мислењата. Односно, некому ќе му се допаѓа премногу, а некому нема да му се доаѓа воопшто.

Претставената фотографија драстично се разликува од претходно обајвените со кои се најавуваше третата генерација на Focus. Плус неможе, а да не се забележи дека предницата малку потсетува на Peugeot 308, но во поекстремна и поаглеста верзија.

Впечатливата предница започнува од носачите на предното стакло кои се слеваат во издолжената хауба со испакнат среден дел, кој пак, завршува со испуст што паѓа врз огромната предна маска и на него е поставен беџот на Ford. Тука се и страничните отвори за воздух во кои се сместени светлата за магла, а над нив се развлечените предни светла.

Внатрешноста треба да профитира од нови поквалитетни материјали и напредна електроника која вклучува систем сличен како iDrive на BMW со што ќе се намали потребата од мноштво копчиња разместени по централната конзола.

Најважните новини сепак, се сокриваат под хаубата. Основната верзија ќе ја задвижува 1.0 литарски четири цилиндричен турбо бензинец со моќност од 89 коњски сили. Истиот мотор ќе се нуди и во верзија со 108 коњски сили.

Очекувањата се дека најпродавани верзии сепак, ќе бидат оние задвижувани од 1.6 литарскиот турбо бензинец кој ќе остварува 148 и респектибилни 178 коњски сили.

Целта на овие два нови мотори е драстично намалување на емисијата на СО2 и во исто време зголемување на перформансите, дело на големиот вртежен момент генериран од турбо полначот.

Во игра се и два нови турбо дизели TDCi. Првиот со зафатнина од 1.6 литри кој ќе остварува моќност од 89, 108 и 128 коњски сили, а вториот со зафатнина од 2.0 литри и моќност од 168 и 197 коњски сили.

Сите мотори сериски е бидат спарени со шест степен мануелен менувач, додека на списокот на опции ќе стои шест степениот автоматски менувач на Ford со две спојки наречен PowerShift.

Покрај верзијата со пет врати одговорните во Ford ќе го следат примерот на Renault со новиот Megane и Focus ќе го понудат во поспортска верзија со три врати која ќе ја понесе наставката Coupe во името.

Разликата во името ќе им помогне на купувачите полесно да ги разликуваат моделските верзии и воедно има за цел да ја привлече помладата публика.

Третата генерација на Ford Focus на пазарот треба да се појави во 2010.

 

 

 

Facebook