Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот малечок Rolls Royce
29.01.2008
rolls-royce-malecko-1.jpgПомалото братче на Phantom полека но сигурно ја промувува муцката надвор на отворено, посебно по зеленото светло дадено од страна на бордот на директори за развој на проектот.

Инженерите кои забрзано работат на остварување на овој за Rolls Royce важен проект се обидуваат да ја задржат прекривката на тајната над новото малечко, но тоа понекогаш не им успева бидејќи упорните папараци го чекаат и најмалото невнимание да нападнат.

На фотографиите од новиот автомобил се препознаваат детали превземени од BMW Серија 7, тоа е само камуфлажа, сепак се знае дека новиот Rolls Royce ќе почива на платформата на новиот занемносец од Баварија.

И додека задникот не ја открива припадноста на автомобилот, предницата јасно укажува на потеклото со рамната и висока маска оградена од две огромни предни светла. На фотосот неможе да се забележат ниту задните врати на малиот Фантом кои исто какo и кај сегашниот модел ќе се отвораат на напред по принципот бујрум врати. 

Од уметничките детали на новиот Rolls Royce тука е статутетката Spirit of Ecstacy која се вовлекува во предната маска кога автомобиот не вози. Потоа тука се капаците на централниот дел од големите леснометални бандажи од 20 инчи кои се статични и овозможуваат логото на Rolls Royce секогаш да стои вертикално.

За задвижување на овој малечок колос е задолжен 6.0 литарски V12 со 500 коњски сили кои преку седумстепена автоматика се испраќаат на задните тркала. Спринтот до 100 km/h ќе трае околу 5,5 секунди, додека максималната брзина останува непознаница, а во случајот на Rolls Royce и не е толку важна.

Цената се очекува да биде далеку пониска од онаа на Phantom од околу 370.000 евра, односно новаков би требало да се задоволи со сума од околу 220.000 евра што никако не се малку пари, но Rolls Royce си е Rolls Royce и неможе и несмее да биде евтин.

rolls-royce-malecko-2.jpgrolls-royce-malecko-3.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook