Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Новиот Mondeo уловен на тест
03.11.2011

Инженерите на Ford работат напорно на развој на новата генерација на Mоndeo чии прототипови прекриени со масивна камуфлажа веќе тестираат околу седиштетот на марката во САД.

ford-mondeo-nova-gen-1-2011-1

Уловениот примерок ловците на автомобили го фотографирале на излезот од развојното одделение на Ford во Сојузната држава Мичиген. Првичните информации за него се многу лимитирани.

Освен она што може да се наѕре под масивната камуфлажа неговиот лик е убаво сокриен. Заради силно накосеното предно стакло новиот Mondeo ќе има помошно стакло на предните врати, а ретровизорите ќе бидат прицврстени на нив.

Одзади може да се види дизајнот на светлата кои ќе бидат еволуција на оние што ги носи актуелниот модел. Моделот ќе биде поставен на сосема нова платформа и ќе се продава глобално и како Ford Mоndeo и како Ford Fusion.

Под хауба на европската верзија на Mondeo ќе работат познатите модернизирани мотори кои ќе имаат пониска потрошувачка, а поголема моќност. Како опција стои и хибриден погон.

Сеуште не се знае кога новата генерација на Ford Mоndeo ќе се појави на пазарот.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook