Нема двојба дека новата генерација на најпродаваниот
хибрид на планетата Toyota Prius ќе пристигне на пазарот во текот на
следната година, најверојатно на пролет.
Премиерата е закажана за салонот во Детроит, а конечно се
појавија и првите фотографии. Според изворот автомобилот прикажан на нив е
идентичен со сериската верзија на најновото издание на Prius .
Колку има вистина во приказната ќе можеме да видиме за неполни
четири месеци.
Од порано знаеме дека и третата генерација на Prius ќе се нуди
со познатите NiMH никел-метал-хидрид акумулаторски батерии, додека долго
најавуваните литиум-јонски батерии ќе пристигнат една година подоцна, значи
некаде во 2010.
Под хаубата новиот Prius ќе носи и
поголем бензинец. Најавуваниот 1.6 литарец нејверојатно не ги задоволува
инженерите кои работат на проектот.
Затоа третата генерација на Prius ќе
профитира од познатиот 1.8 литарски бензинец VVT-I на Toyota кој носи
повеќе коњски сили, но не на сметка на поторшувачката која во комбинираниот
циклус би требало да се задржи на околу 5,0 литри на 100 km.
Prius исто така ќе има и поголем радиус на движење во модусот
кога автомобилот ќе го задвижува само електрична енергија. Верзијата plug-in (батериите
можат да се дополнуваат со приклучување на стандардна електрична мрежа) ќе може
да помине 13 km пред автоматски да се вклучи класичниот мотор за да ги дополнува.
Toyota планира
експанзија на хибридни модели и се очекува да се појави цело семејство на
возила кои ќе бидат поставени на платформата на Prius.
|