|
29.05.2007 |
После долги подготовки инженерите на Honda конечно се
појавија на тркачка патека со прототип,
со тело што наликува на S2000 и шасија на она што треба да биде следната NSX,
кој се нарекува муле.
Прототипот открива пропорции кои се многу слични на
концептот Acura Advanced Sports Car, кој дебитираше на
салонот во Детроит и е најава за следната генерација на NSX.
Каросеријата што ја носи ова муле не кореспондира со
концептот и ја сокрива насоката во која се движи дизајнот на новиот суперспортиста
на Honda, но затоа открива што ќе се случува под ламарината.
Прво што се забележува се огромните издувни цевки кои се
поставени слично како на концептот. Големиот всисник за воздух постевен на
средина на предната маска на мулето свртува од стилот на концептот, кој има
мазен нос со отвори сместени одстрана.
Имајќи го на ум слабиот прием на коцептот на NSX се очекува
во транзицијата од концепт до серија, автомобилот да претрпи поголеми измени.
Пространата хауба на тестираното муле личи доволно голема
за да може да збере моќен V8 или V10.

|