Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Обновеното Renault Clio тестира
09.12.2008
renault-clio-2009-1.jpgЛовците на автомобили успеале да ја фатат модернизираната верзија на актуелното Renault Clio за време на тестирање и да ни ги претстават првите фотографии.

Актуелната трета по ред генерација на Clio се појави на пазарот во 2005 и според одговорните во Renault време е моделот да се освежи и да се подготви за борба со конкурентите.

Обновениот автомобил ќе и биде претставен на светската јавност на салонот во Женева во март 2009, а до тогаш Renault ќе го сокрива под камуфлажа.

Маскирањето открива дека најголемите измени на автомобилот се предниот браник, маската и предните и задните светла. Се наговестува дека напред обновеното Clio ќе наликува на новиот Мegane.

Измените нема да опфатат само затегнување на брчките. Напротив во Renault работат и на подобрување на подвозјето, суспензијата и управувањето. Моторната понуда останува иста.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook