Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Официјални снимки од новата Astra
30.03.2009
opel-astra-next-gen-1.jpgПротекувањето на доверливите информации од развојот на нови модели станаа вообичаена работа кај производителите. Без оглед на причините ние можеме да ја видиме новата генерација на Opel Astra.

Автомобилот кој ќе биде поставен на платформата на која лежи Chevrolet Cruze, но и Chevrolet Volt и Opel Ampera покрај надворешниот лик ја открива и својата внатрешност. Од General Мotors сеуште молчат околу предвременото појавување на Astra на интернет пространството.

Единствено се знае дека фотографиите кои всушност се комјутерски генерирани и се со мала биле наменети за дилерската мрежа на Opel за да им се најави новиот автомобил.

Она што го знаеме за новата Astra е дека е биде поставена на глобалната платформа Delta II и дека под хаубата покрај другите ќе работи и ново развиениот 1.4 литарски турбо бензинец.

Визуелниот идентите новата Astra го наследува од поголемата Insignia, но во наследство нема да биде само дизајнот. Astra од Insignia ќе ги наследи и техничките и технолошките решенија како што е на пример Opel Eye.

Се забележува дека новата Astra го напушта аглестиот дизајн и сега е многу позаоблена и делува поелегантно. Со поголемиот број на странични стакла се очекува да биде и многу попрегледна од актуелниот модел.

Во кабината се гледа силно влијание на дизајнот од Chevrolet Cruze и од Insignia и јасно е дека во новата Astra нема да недостасува ергономија и комфор кој ќе биде на нивото на останатите автомобили од класата.

Очекуваме наплив на информации околу новата Astra во периодот што доаѓа бидејќи нејзината светска премиера е закажана за во септември на салонот во Франкфурт.

Сериското производство ќе стартува кон крајот на годината, а првите примероци ќе стигнат во продажните салоно на почетокот од 2010.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook