Get Adobe Flash player
Официјално потврден стартот на новиот теренец на Mercedes
15.06.2007
glkMercedes го потврди тоа што долго време се сметаше како јавна тајна во браншата. Швабите во првата половина од 2008 ќе стартуваат со мал теренец со ознака GLK, позициониран под моделот ML.


Компактниот теренец долг 4,50 метри ќе се произведува во Бремен и ќе поседува голем број технички компоненти од новата класа С. Меѓу другото од неа ќе потекнуваат четири и честцилиндарските мотори, како и погонот на сите тркала, кој според шпекулациите нема да поседува блокади на диференцијалите.

Според дизајнерот Ахим Парнов GLK не се ориентира според изгледот на класата М и на G и затоа ќе има поостри рабови на каросеријата.

Светската премиера се очекува на почетокот на следната година, што значи или на салонот во Детроит или во Женева.
 

Поврзани статии

 

 

Facebook