|
13.07.2007 |
Кога се појави во 1990 оригиналната Calibra беше
најаеродинамичното сериско купе на светот со отпор на воздух за тоа време
неверојатни Cd 0.26. Најважно! Наследникот е на пат.
Ова е како шaмар за будење на сите фанови на Calibra кои сеуште
ги титраат своите тенки купеа.
Opel Calibra е надвор од продажните салони една
декада, но со откривање на концептот Opel GTC има надеж дека
евроското купе е на пат до купувачите.
Иако сеуште не пристигнала потврда дека купето ќе се
произведува, еден гласноговорник од менаџерскиот тим најави дека
опциите се отворени и дека во програмата на Opel има дупка откако
престана производството на Monaro Coupé.
Основата за Calibra би била новата
генерација на Vectra со мотори од 1.6 литарски четирицилиндричен до 2.8
литарски V6. Се очекува и високо перформансен турбо и
еко-флексибилни верзии со био-гориво.
Четиривратната верзија на GTC стартува со
продажба кон средина на 2008, а караванот е закажан за 2009 со што се отвора и
патот за купе за кое е најдобро да го носи името Calibra.
|