Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Opel Insignia хечбек
12.05.2008
opel-insignia-hatchback-1.jpgOpel неодамна ја тргна маската од наследникот на Vectra кој сега го носи името Insignia и најави дека по седанот автомобилот ќе се појави на пазарот и како купе и како караван , но не и како хечбек.

Ова што се гледа на фотографијата е хечбек верзијата на Insignia која е фатена за време на тестирање. Инженерите не се потрудиле да ја маскираат бидејќи веруваат дека поради сличноста со седанот многу полесно ќе пројде немаскирана отколку маскирана варијанта.

И навистина хечбекот всушност е идентичен со седан верзијата. Разликата се гледа во продолжената линија на кровот и во задната врата која се спушта косо кон опашот без препознатливото зарамнување кое ја игра улогата на капак од багажникот кај седанот.

Мотороната понуда останува иста како и кај Insignia седан со бензинци со моќност од 140 до 260 коњски сили за V6 турбо и 2.0 литарскиот турбодизел со 130 и 160 коњски сили, плус тука е и најавуваната верзија EcoFlex која ќе има ултра ниска емисија на издувни гасови.

Кога сме кај хечбекот има претпоставки дека во Opel  размислуваат за верзија со погон на четири тркала.

Opel Insignia седан својата светска премиера ќе ја доживее на салонот за автомобили во Лондон на 22 јули, додека хечбекот се очекува да се појави некаде кон крајот на годината, а ќе стартува со продажба на почетокот од 2009.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook