|
20.03.2009 |
Opel на големо се подготвува за лансирање на високо
перформансната верзија на својот нов шампион во продажбата Insignia
OPC. Доказ се двете фотографии на откриениот автомобил.
Ловците на автомобили успеале да ја фатат Insignia
OPC без камуфлажа за време на снимањето на новиот рекламен спот со кого ќе
стартува кампањата за најмоќниот сериски Opel кон крајот
на годината. Иако со лош квалитет фотографиите во целост ја откриваат жешката Insignia.
Под хаубата на Insignia OPC ќе работи V6 бензинец кој потпомогнат од два турбо полначи ќе остварува 320 коњски сили. Погонот ќе
биде на сите четири тркала и ќе има активен заден диференцијал кој ќе може независно
да го распределува вртежниот момент меѓу тркалата на задната оска.
Insignia OPC ќе биде поставена на леснометални
бандажи со пречник од 20 инчи кои ќе бидат обуени во гуми со димензија 255/35 и
напред и назад.
Во однос на останатите обични верзии Insignia
OPC ќе се разликува по новиот преден браник со вертикални отвори за довод на
воздух во моторот, странични завеси, спојлер на капакот од багажникот и нов
заден браник со интегриран дифузор од кого ќе штрчат два пара издувни цевки.
Светската премиера на Insignia OPC е закажана
за на есен на салонот во Франкфурт, додека продажбата треба да стартува кон
крајот на 2009.
|