|
11.01.2008 |
Ова е најава за тоа во кој правец ќе се движи дизајнот на
Opel Insignia кој беше претставен како GTC концепт на
салонот во Женева лани, а сега се откирва како би можела да личи финалната
верзија.
Insignia e многу важен модел за Opel, но и за GM бидејќи
под името Saturn Aura покрај САД, ќе се продава и како глобален автомобил во
Австралија и Јужна Америка, а понатаму и во Азија. Претставувањето на Insignia пред
светската јавност е закажано за јули 2009 на Британското мотор шоу.
Европјаните би требало да можат да ја купат Insignia веднаш по
нејзиното светско деби додека САД и останатите пазари ќе мораат да почекаат
барем до 2010.
Во однос на сегашната Vectra која ја
заменува Insignia ќе биде подолгса и поширока и ќе биде поставена на новата
платформа на GM наречена Epsilon II. Значи Insignia
како и Vectra ќе го задржи предниот погон, а ќе се нуди во три
каросериски верзии исто како и сегашниот модел, лимузина со четири врати,
комбилимузина со пет врати и караван.
|