Информациите што куржат околу враќењето на легендарното
купе на Opel, Calibra стануваат се
поинтензивни влеваат радост и надеж кај искрените љубители на марката.
Веднаш по претставувањето на првите официјални информации
за новата Astra пристигнува и најавата за нова Calibra. Без оглед
што претстои бурен период за марката во Opel се работи
напорно и без задршка.
Плановите кои ги изнесува раководството на компанијата се
навистина колосални бидејќи агендата вели претставување на 20. нови модели и
модификации на постојните во следните три години.
Факт е дека Insingnia се покажа како
супер успешен проект по која лудуваат купувачите во Европа, истото се очекува и
од новата Astra, а според она што може да се види нема причина да се
мисли поинаку.
Ова ги наведува одговорните набрзо да претстават уште
еден голем проект, а тоа е погодувате купето направено на основата на Insignia кое ќе го
носи името на непрежалената Calibra.
Според првичните информации новата Calibra ќе има
погон на четири тркала, а под хаубата почесно место завзема трубо бензинецот V6 со
зафатнина од 2.8 литри и моќност од 350 КС, познат од Insignia OPC, кои пак
се доволни за спринт до 100 km/h за 6 секунди.
Од компјутерски генерираната фотографија преку која се
најавува евентуалниот изглед на новата Сalibra може да се
заклучи дека таа ќе наликува на концептот Opel GTC претставен
во Женева 2007.
Иако во голема мерка купето ќе се потпира на механиката
на Insignia ќе има покусо меѓуоскино растојание и поширока трага
поради што се очекуваат уште подобри возни карактеристики.
Покрај Сalibra во Opel откриваат дека набрзо треба да се очекува купе-кабрио
верзија на Corsa која ќе ја наследи Tigra, нова Zafira
и Meriva, освежување за Antara, нов малечок SUV кој сеуште
се чува во најстрога тајност и електромобил Trixx опремен со
технологија слична на Ampera.
|