Како се приближува премиерата на наследникот на Chevrolet
Lacetti, Cruze полека почнуваат да се откриваат се повеќе информации
за овој важен модел за GM.
Минатиот месец Cruze беше уловен од надвор, а сега ловците на
автомобили успеале да ја фотографираат внатрешноста. И додека надворешниот
облик може да се претпостави, сега за прв пат светот добива претстава како ќе
личи Cruze внатре.
И веднаш може да се забележи дека внатрешноста ниту малку
не одскокнува од современите текови во автомобилската индустрија и е светлосни
години подалеку од она што до сега Chevrolet го нудеше во оваа
класа, а може да се забележи и дизајнерско влијание од новата Insignia.
Паѓа во очи беџот на воланот кој е на Daewoo што значи
дека конкретниот модел всушност е наследник на Nubira, односно на Lacetti
и дека производството ќе биде во погоните на General Motors во Јужна
Кореа.
Според извори во GM моделите
што ќе се произведуваат во погоните вo Јужна Кореа, покрај за домашниот пазар
ќе бидат наменети и за пазарите во Азија, но и за во Европа.
Извесно е дека под хаубата на Cruze ќе се
појави еден сосема нов агрегат кој подоцна ќе се вградува во целата гама што ќе
биде поставена на платформата Delta 2, модели како новата генерација
на Opel Astra и на Zafira, но се очекува дека е го добијат и останатите модели.
Станува збор за 1.4 литарски турбо бензинец чии
перформанси сеуште не се познати, но се знае дека во просек ќе троши околу 5,8
литри бензин, а во град потрошувачката треба да застане на околу 7,8 литри.
Автомобилот ќе ја доживее светската ремиера на салонот во
Париз, а подолу покрај фотографијата на внатрешноста се наоѓа и цртеж кој дава
индикација за конечниот изглед на Cruze.
|