Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Откриен ентериерот на Mercedes SLC
19.11.2008
mercedes-gullwing-int-1.jpgНа интернет се појавија неколку фотографии од ентериерот на Mercedes SLC Gullwing со многу лош квалитет. Автомобил кој веќе подолго време прекриен со вел на тајност.

Без оглед на лошиот квалитет на фотографиите може да се забележи дека воланот вграден во прототипот без беџ во средина е од AMG, отворите за вентилација се во ретро стил и потестуваат на моделите на Mercedes од седумдесетите години од минатиот век.

На централната конзола може да се забележи обичниот климатик, клима уред кој се вградува во актуелните модели на Mercedes, а зад рачката од менувачот е поставено вртливото копче од системот COMMAND.

Инструментите се со бела подлога, тахото испишува крајна брзина од 350 km/h, додека црвеното поле на бројачот на вртежи почнува од високи 7.000 врт/мин.

За разлика од претходниот супер спортист SLR кој беше плод на соработката со McLaren, новиот SLC е дело на инженерите на Mercedes и AMG.

Според најавите новиот супер спортски автомобил на Mercedes официјално ќе и биде претставен на светската јавност на салонот во Франкфурт 2009, додека продажбата во Европа ќе стартува во првиот квартал на 2010.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook