Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Откриена Honda NSX
18.06.2008
honda-nsx-1.jpgСупер спортистот на Honda, наследник на NSX е еден од најсокриваните модели што наскоро треба да се појави на пазарот и да се фати во костец со Nissan GT-R и Lexus LF-A.

Автомобилот фатен на фотографиите личи на концептот Acura Advanced Sports Car. Сличноста пред се ја откриваат четирите квадратни издувни цевки поставени вертикално една над друга на краевите од задниот браник.

Призвукот на оригиналниот NSX треба да го буди безмалку вертикалниот заден дел кој завршува со спојлер. Но, тука престанува било каква сличност со автомобилот кој својата кариера ја започна на почетокот од деведесетите.

Централно поставениот мотор е минато. Наследникот носи напред-централно поставен мотор, кој всушност лежи зад предната оска заради подобра тежинска распределба и ги задвижува задните тркала.

Сеуште нема потврда, но се шушка дека под хаубата работи моќен V10, дериват на претходната генерација на мотори од Формула 1 кој испорачува 450 коњски сили при, за Honda вообичаени, висок број на вртежи.

Моќноста го поставува NSX рамо до рамо и со европските ривали како Porsche 911, Ferrari 430 и Lamborghini Gallardo. Во Honda очекуваат дека рапоредот на 2+2 седишта ќе и донесе многу нови клиенти кои ќе бараат малку повеќе простор во кабината.

Претходникот и покрај тоа што има култен статус во автомобилската заедница и е еден од автомобилите со најдобро време на Нирбургринг, сепак не успеа да достигне задоволителна продажба.

Очекувањата на Honda за успехот на својот нов спортист се големи. Со почетна цена од околу 70.000 евра се надеваат дека ќе зграбат голем дел од клиентите на развиканите европски марки и тоа најмногу на пребирливиот пазар во САД.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook